„СПОРТМЕДИА“ ВИ ГО ОТКРИВА ТИКЕТОТ ЗА ВО ГИНИС

НЕВЕРОЈАТНО ЛИВЧЕ: Прилепчанец ќари 600.000 евра во „Моцарт“

Шахтер - Рома да има од 2-5 гола и Севилја - Манчестер Јунајтед да биде со двојна шанса Х2, за најголемата добивка не само во Македонија, туку и во регионот

објавено: 21 февруари 2018 - 23:52

Најголема причина за славје по завршување на денешните мечеви од Лигата на шампионите имаше еден прилепчанец, кој ќари неверојатни 600.000 евра на неколку ливчиња уплатени во обложувалницата „Моцарт“. Нашите пријатели од „Моцарт“ ни потврдија дека еден ист човек уплатил седум ливчиња со вкупно 500 денари, а на сите добивката била 5.000.000 денари, а на крајот сите биле добитни. 

Со само 500 денари вложени, добивката на среќниот играч е неверојатни 34.632.342 милиони денари, односно речиси 600.000 евра, со помалку од 10 евра уплата. 

Ливчињата биле уплатени уште пред еден месец, а на нив имало меѓу 18 и 22 парови. Интересно е што на сите ливчиња како последни парови биле вечерашните средби од Лигата на шампионите меѓу Шахтјор - Рома и Севилја - Манчестер Јунајтед. 

Според типуваното, Шахтјор - Рома играл дека ќе има 2-5 гола, а мечот заврши со 2:1 за украинскиот тим. Вториот пар, меѓу Севилја и Манчестер Јунајтед бил со двојна шанса Х2, а на крајот средбата заврши 0:0, што значеше и остварување на најголемата добивка во историјата на спортските игри во Македонија, а можеби и во регионот. 

 

Најново во Другата страна на спортот