УШТЕ ПРЕД ДА ПОЧНЕ ОЛИМПИЈАДАТА

Норвежаните со сериозен проблем, имаат „наци-џемпери"

На нешто повеќе од една недела пред почетоот на собирот во Пјонгчанг, скандал во Норвешка, и тоа поради изборот на џемпери кои нивните олимпијци ќе ги носат на игрите во Јужна Кореја.

објавено: 2 февруари 2018 - 09:30

Предвидено е норвешките олимпијци во Пјонгчанг да носат волнени џемпери на кои како ударен симбол стои и „тировото руно", односно симболот кој го користат норвешките нео-нацисти.

Овој симбол, исто така се користи и во Германија, но доаѓа од митологијата на викинзите и нордијците, а се поистоветува со победа и со сила.
Норвешките натпреварувач(к)и во алпските дисциплини неодамна се појавиjа токму овие „униформи“ во црно-сива нијанса, со спорните руни, кои веднаш предизвикаа голема бура во јавноста.
Истиот симбол е употребуван и во нацистичка Германија,и се нарекувал „Кампфруба", или борбена руна.
После реакциите на јавноста, некои од членовите на тимот на Норвешка за ЗОИ во Јужна Кореја, за „Њујорк тајмс" потврдиле дека нема да ги носат спорните џемпери.
Сепак, и покрај бројните негативни коментари, производителот на овие џемпери одбил да ја повлече оваа опрема,со образложение дека припаѓа на скандинавското културно наследство и обичаи и дека не им припаѓа на ултрадесничарите.

Најново во Другата страна на спортот