НЕМА НАМЕРА ДА ЗАСТАНЕ

Нов напад на Пипо: Перота мора да падне! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Легендарниот напаѓач на Јувентус, Милан и Лацио, преку социјалните мрежи се обиде да ја „улови“ Роза Перони. Засега, без успех, но...

објавено: 17 мај 2017 - 16:30

Иако има полни 44 години, не се дава... Пипо Инзаги и понатаму се држи на изреката дека „животот не е една жена“.

А тоа значи дека и досега ги имал доста, дури и повеќе од некоја „нормала“, како и да е многу. А некогаш големиот работник на теренот, а сега тренер на Венеција која ја врати во Серија Б, и сега е голем „љубовџија“.

Но како и сите големи заводници на овој свет, некогаш и тој треба(ше) да доживее фијаско. Макар што оваа најнова ситуација во која е споменат, би можела да има и среќен крај.

Односно со хепиенд...

Поранешниот италијански репрезентативец и еден од најдобрите стрелци во историјата на калчо лигата и „фрли око“ на новата звезда на едно италијанско реално шоу.

Името и е Роза Перота, и навистина изгледа прекрасно, преубаво. 

Меѓутоа популарниот „Пипо“ направил голема грешка откако се обидел да ја „стартува“ Перота со помош на социјалните мрежи, и тоа откако и испратил порака на фан групата, а не директно на нејзиниот профил.

Се разбира сето тоа веднаш се појави и во јавноста. А атрактивната Роза веќе дала одредени знаци дека се согласува на овие „чекори“ кои ги превземал Инзаги. 

На крајот на краиштата, како што знаат да кажат на „чизмата“, сите латински љубовници никогаш не се откажуваат, па така и Пипо во намерата - целта дека Перота мора да „падне“.

 

Најново во Другата страна на спортот