ЗАСЕГА НЕ ГО ОТКРИВААТ ИНДЕТИТЕТОТ

Нов скандал: Фудбалер силувал 15-годишно девојче

Англиските медиуми обајвија нов скандал во светот на фудбалот, уште еден играч е обвинет за силување. .

објавено: 12 септември 2018 - 17:50

Во претходните години имаше многу вакви скандали во Англија.„Мирор“ пишува дека фудбалер кој настапува во Премиершип, а чие име засега не се открива е обвинет за силување на 15-годишно девојче во камп во Франција.

Станува збор за случај од 7. јули 2012 година, играчот имал 17 години, а додека девојката била пронајдена во една соба на кампот во јужна Франција. Таа сега има 21 година и одлучила правдата да ја бара по судски пат. Според информациите на „Мирор“, фудбалерот ја нападнал и нејзината другарка, иако имало сведоци кои знаеле дека се малолетни, сепак никој не им помогнал. Младиот играч кој денеска има 23 години се изјаснил како невин, потенцирајќи дека немал никаков однос со нив.

Сепак во другата изјава тој ја сменил својата приказна, признал дека имал сексуални односи во летото 2012 година. Во моментов судот прави се за да го заштити неговиот индетитет, само доколку биде прогласен за виновен тогаш ќе биде познато неговото име.

 

Најново во Другата страна на спортот