НЕОБИЧЕН КРАЈ НА МЕЧОТ ВО КАТАР

Новак прво со победа, потоа со селфи со противникот

Новак Ѓоковиќ го победи Аргентинецот Хорасио Цебаљос во второто коло на Катар опен, по што му ја исполни желбата на својот противник и се фотографираше со него

објавено: 4 јануари 2017 - 18:20

Ѓоковиќ направи по еден брејк во двата сета за 6:3/6:4 победа и пласман во четврт-финалето, каде што ќе игра со чешкиот ветеран, 38-годишниот Радек Штепанек, кој со 6:3/6:2 беше подобар од Белгиецот Артур де Греф. 12-кратниот гренд слем шампион призна дека бил изненаден од барањето на Цебаљос.

„Морам да споменам дека селфито по крајот на натпреварот беше прво во мојата кариера. Затоа, Хорасио, секоја чест. Многу оригинално“, изјави Ѓоковиќ, кој е актуелен шампион на турнирот.

Најново во Другата страна на спортот