ОД 13 ДО 17 СЕПТЕМВРИ, ИСТОРИСКА СЕСИЈА НА ИОК

Од Лима ќе стигне абер, кој ќе ги организира Олимпијадите во 2024 и 2028 година

На оваа 130. сесија на Интернационалниот олимписки комитет која ќе се одржи во главниот град на Перу, ќе ги дознаеме имињата на градовите домаќини на следните Олимписки игри.

објавено: 13 септември 2017 - 17:05

За време на оваа Сесија на ИОК, официјално ќе се објават имињата на градовите-домаќини на ОИ 2024 и 2028.

Освен тоа, ќе биде поднесен извештај на летните и зимските меѓународни спортски федерации, извештај за независност, автономија и добро владеење на националните олимписки комитети, работа на Етичката Комисија на ИОК, работата на Спортско арбитражниот суд
Но и вклучување на нови спортски дисциплини на програмата на ОИ 2020, 2022 и 2024, извештај во областа на анти-допингот, извештаи за работата на Организациските комитети на ОИ за периодот 2018-2024 и многу други теми од интерес на унапредување на Олимпиското движење.

Најново во Другата страна на спортот