ОВА ГО ИМА САМО ВО БЕЛГРАД НА ДЕРБИ

Огромен балон во облик на пенис, виновен за нередите на Ц. Звезда - Партизан (Видео)

На претходното дерби имаше хулигани од Хрватска кои беа виновни за инцидентите, а сега тоа го направи еден балон

објавено: 15 април 2018 - 11:35

Навистина се неверојатни причините поради кои секогаш има нереди на дерби дуелите меѓу Црвена Звезда и Партизан. Синоќешниот дуел на стадионот „Рајко Митиќ“ го доби Звезда на теренот со 2:0, а на трибините беше жестоко и на крајот неколкумина беа повредени. 

Ако на претходното дерби сезонава, главна причина за нередите беа доведените хулигани од Хрватска, овојпат неверојатна е причината поради која имаше тепање на трибините. 

Во 65 минута, навивачите на Звезда извадија транспарент на кој имаше порака за потпретседателот на Партизан, Владимир Вулетиќ: „Професоре Вулетиќ знаат ли твоите ученици дека се палиш на групњаци со бруцоши?“

Потоа на трибината се појави огромен балон во црвено-бела боја и облик на пенис. Балонот беше испорачан на делот од ложата каде што беа челниците на Партизан. Поради овој потег, челниците на „црно-белите“ демонстративно си заминаа од стадионот.

Сепак, дури потоа следуваше најлошото. Навивач на Црвена Звезда го зема балонот „пенис“ и тргна кон „гробарите“. Потоа настана хаос на трибината, а мечот во тие моменти мораше да биде и прекинат. 

Најново во Другата страна на спортот