ХРВАТИТЕ СИ ГО ДОБИЈА СВОЕТО

ОСУДЕНИ СЕ СПЛИТСКИТЕ ХУЛИГАНИ: Пег години не смејат да „припарат" во Србија!

На Хрватите кои учествуваа во големите нереди на дербито на српскиот шампионат помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда минатиот декември, им се потврдени затворските казни

објавено: 5 февруари 2018 - 17:45

На Хрватите кои учествуваа во големите нереди на дербито на српскиот шампионат помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда минатиот декември, им се потврдени затворските казни.

При денешното доаѓање во судот во Белград, хулиганите од Хрватска изјавија дека доброволно се согласиле на договот со тужителството, и дека никој не ги присилил на тоа.
На тројца од нив кои се согласија со барањата, потврдени им се казните од четири и шест месеци затвор, односно забрана за влез во Србија во траење од пет години.
Високиот Суд во Белград прифати тоа што хулиганите ја прифатиле вината и Хрвоје Баковиќ (32), и Анте Фириќ (27), ги казни со шест месеци затвор, додека Иван Роланд Мишковиќ (19) доби четири мееци затвор.
Другите тројца не се согласиле на спогодба, и остануваат во приотво. Пред судот ќе се појават утре.

Најново во Другата страна на спортот