ПОРТУГАЛЕЦОТ ЧЕСТО МОЖЕ ДА СЕ ЗАБЕЛЕЖИ НА ОСТРОВОТ

Откриено зошто Роналдо тајно патува на Ибица

Иако имаше многу шпекулации, вистината е дека Кристијано е на преговори за купување на ланец на хотели на островот кој е познат по лудата забава

објавено: 17 мај 2018 - 10:00

Конечно познато е зошто Кристијано Роналдо многу пати тајно и без никакви најави заминуваше на островот Ибица. Првично шпекулациите беа дека Кристијано оди на Ибица за тајно да се гледа со некое лице, зад грбот на неговата девојка Џорџина, со која има едно дете. 

Сепак, таквите шпекулации паднаа во вода, откако беше откриено дека Роналдо планира на Ибица да започне сериозен бизнис. Тој сака да создаде ланец од четири хотели „Пестана ЦР7“. Засега не се знае кои четири хотели ги има одбрано Роналдо

Најново во Другата страна на спортот