НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН

Ова е најлошото место на „Сантјаго Бернабеу" (ФОТО)

Реал Мадрид е најголемиот клуб на светот. Досега „кралевите" бил 33.пати шампиони на Шпанија, а на кровот на Европа се искачиле неверојатни 12. пати. Меѓутоа, дури и еден таков, култен објект кој го имаат „кралевите“, не е без маани...

објавено: 6 декември 2017 - 19:00

Реал Мадрид е најголемиот клуб на светот. Досега „кралевите" бил 33.пати шампиони на Шпанија, а на кровот на Европа се искачиле неверојатни 12. пати.
И никој не им е близо до тие остварувања.
Но во клубот од Мадрид освен резултатите,големо внимание посветуваат на пратечкиот гламур. Па така на нивниот стадион „Сантјаго Бернабеу" не може да „живее" баш секој. И тренерите и играчите мора да поседуваат висока доза на харизма, и она фудбалско знаење не е доволно за да бидеш дел од реаловата „галаксија".
Така е и со нивниот стадион, кој го носи името на легендарниот претседател на „кралскиот колектив". Изграден е уште во 1947 година, и на свој начин ја одбележа фудбалската историја.

Меѓутоа, дури и еден таков, култен објект не е без маани.
На стадионот постојат некои места од кои е скоро невозможно да се види целиот терен, на што внимание обрна и еден навивач. Објави слика на социјалните мрежи одбележана како „најлошото место на Сантјаго Бернабеу".

Најново во Другата страна на спортот