МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО ОДЛИЧНО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Пандев: Што е момци, да не ви е ладно?? (Фото)

Џенова исто така ги стартуваше подготовките за новата сезона...

објавено: 11 јули 2018 - 16:25

Секој си има свој начин на тренирање, вежбање, релаксирање, така и тимот предводен од Балардини.

Играчите во „ладните" води, за зајакнување на нозете, заедно со нив секако и еден од најискусните во екипата, напаѓачот Горан Пандев.

Позитивно, како и секогаш со голема енергија нашиот фудбалер, се надеваме и во голгетерско расположениe во италијанската Серија А, а зошто да не и на репрезентативно ниво преку УЕФА Лигата на Нациите, натпреварување кое ќе стартува во септември преку кое ќе се бара учество на ЕУРО 2020.

 

Најново во Другата страна на спортот