ГЕРМАНСКА УПОРНОСТ И АНГЛИСКА СНАОДЛИВОСТ

Патуваа 1.325 километри за да гледаат „пријателска", помеѓу Б тимовите (ВИДЕО)

Натпреварот во Болтон требаше да се игра „зад затворени врати". Но домаќинот го промени ставот кога пред стадионот се собраа 1.500 Германци...

објавено: 9 јануари 2018 - 22:45

Група од околу 1.500 мавивачи на германскиот третолигаш Магдебург, патуваше 1.325 километри до Болтон, за да го следи својот тим на еден пријателски натпревар со „Б" поставата на англискито второлигаш од овој град.

Било предвидено, овој меч да се одигра на „Рибок" стадионот, инаку 20 километри одалечен од центарот на градот, но без присуство на публика, односно навивачи.
Но во последeн момент, домаќините се предомислиле откако на улиците на градот во кој има околу 130.000 жители, здогледале поголем група на германски навивачи.

Германците направија една карневалска атмосфера каква што ретко се гледа на мечевите од Чемпионшипот, а во кој оваа сезона играат Вондерерс после „излетот" во Лига 1.
Магдебург е град со 235.000 жители, и е престолнина на покраината Саксонија-Анхалт која некогаш и припаѓаше на источна Германија.
И иако порано ракометот беше број 1 во Магдебург, евидентно е дека фудбалскиот колектив ужива во подршката каква што ретко се гледа на терените, не само во Германија. 

Најново во Другата страна на спортот