американските гимнастичарки добија правда

Педофилот доби затворска казна од 175 години

„Господине, вие не заслужувате никогаш повеќе вашата нога да стапне надвор од затворот“, рече судијката која го водеше процесот

објавено: 24 јануари 2018 - 21:15

Педофилот Лари Насар (54) е осуден на 175 години затворска казна поради злоставување на америнакси гимнастичарки во период од неколку години. Покрај оваа казна, Насар веќе беше осуден на 60 години затвор поради користење на материјали со педофилска содржина. 

„Господине, вие не заслужувате никогаш повеќе вашата нога да стапне надвор од затворот. Ќе одите во затвор на 175 години. Кога ќе ги преживеете 60 години затвор кои ги добивте од федералниот суд, ќе почне да тече оваа казна. Штотуку ја потпишав вашата смртна казна. Ако некогаш излезете од затвор, што е малку веројатно, ќе бидете регистрирани како сексуален престапник", рече судијката која го водеше процесот. 

Во текот на процесот, беа сослушани 156 од вкупно 169 злоставувани девојки. Сите тие имаа потресно сведоштво. Откако ја слушна казната, педофилот Насар со солзи во очите изјави: 

„Овие сведочења, се што рековте, има големо влијание на мене. Многу ме потресе, но јас знам дека ни блиску не е тоа што го кажувате што сум го правел. Нема зборови со кои можам да кажам колку ми е жал за се што правев и ве молам да ми простите“, рече педофилот Насар. 

Најново во Другата страна на спортот