АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БАРА БОЈКОТ

По „војната“ со НБА, Трамп отвори фронт и со НФЛ!

Американскиот претседател Доналд Трамп влезе во остра критика на НФЛ играчите во американски фудбал кои протестираат пред интонирањето на националната химна, барајќи бојкот на НФЛ ако не се дисциплинираат играчите

објавено: 24 септември 2017 - 21:05

Во утринскиот пост на Твитер, Трамп уште еднаш отвори фронт против играчите кои одбиваат да стојат на химната, во тренд кој почна минатата година преку Колин Кеперник, квотербекот на Сан Франциско 49ерс, во знак на протест за полициската бруталност кон Афро-американците.

„Ако НФЛ фановите одбијат да одат на натпревари додека не престане со непочитување на знамето, ќе видите брза промена. Отпушти ги или суспендирај ги!“, напиша Трамп.

На ова одговори претседателот на Њу Ингланд Патриотс, Роберт Крафт, инаку близок пријател на Трамп, кој смета дека играчите имаат право на протест.

„Разочаран сум од тонот на коментарите на претседателот. Го подржуваме правото на играчите мирно да бараат социјални промени“, изјави Крафт.

НФЛ комесарот, Роџер Гудел вели дека коментарите покажуваат „несреќен недостаток на почитување“ за НФЛ и за играчите.

Ова доаѓа откако НБА-играчите се побунија на коментарите на претседателот Трамп во саботата, кога тој изјави дека ја повлекува поканата за посета на Белата куќа на шампионите Голден Стејт вориорс поради Стивен Кари.

Најново во Другата страна на спортот