ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА НЕГОВА ФОТОГРАФИЈА

Подолски ќе го тужи „Бреитбарт“

Поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски најави тужба против веб-сајтот „Бреитбарт" кои искористија негова фотографија во напис за нелегално пренесување мигранти во Шпанија

објавено: 21 август 2017 - 22:30

„Бреитбарт“ мораше да се извинува за случајот откако во петокот објави статија со наслов „Шпанската полиција ги сузбива мигрантите кои доаѓаат со скутери“, за наводни банди кои плаќаат 5.000 евра да бидат пренесени од Мароко во Шпанија преку Гибралтар.

„Би сакале да му се извиниме на г-динот Подолски, бидејќи нема докази дека тој е член на банда мигранти, ниту дека пренесува мигранти. Му посакуваме сè најдобро во интернационалната пензија“, се вели во соопштението на „Бреитбарт“.

Меѓутоа, Подолски најави дека се консултира со своите адвокати за да поднесе тужба против веб-сајтот. Подолски во моментов игра за јапонскиот им Висел Кобе, откако го имаше својот последен настап за Германија во март против Англија, постигнувајќи го единствениот гол за 1:0 победа.

Најново во Другата страна на спортот