ЗЛАТОТО ТЕЖИ 586 ГРАМА

Пјеонгчанг ги промовираше медалите

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) официјално ги претстави медалите за Зимските олимписки игри во Пјеонгчанг, откривајќи ги во музејот „Метрополитен" во Њујорк

објавено: 22 септември 2017 - 20:45

Медалите се дизајнирани од Ли Сук-Ву, и на нив има корејско писмо (хангеул). Златото тежи 586 грама, среброто 580 грама, а бронзата 493 грама.

„Хангеул е темелот и душата на корејската култура. Хангеул е како семе кое носи плодови и нешто што ја симболизира корејската култура“, објави организциониот комитет.

Медалите се широки 92.5 милиметри, 109 милиметри долги а дебелината е од 4.4 милиметри до 9.42 милиметри.

„Се обидов со некои нови техники и сакав медалите да ја претставуваат напорната работа и посветеноста на спортистите. На крајот се многу поубави од очекувањата“, изјави Ли.

Најново во Другата страна на спортот