ПОРТУГАЛЕЦОТ ИМА ПОСЕБНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Покрај вакви „горили“ тешко дека некој ќе дојде до Роналдо (Фото)

Кристијано е главната ѕвезда и на теренот во досегашниот дел од Мундијалот, бидејќи е единствен со хет-трик

објавено: 18 јуни 2018 - 21:11

Кристијано Роналдо е како во „златно ѕвоно“ за време на Мундијалот во Русија. Капитенот на Португалија има посебно обезбедување и тоа од двајца професионалци во оваа работа. 

Некогашниот војник во португалската армија, Нуњо Марекош и ММА борецот Гонзало Салгадо се луѓето кои се задолжени за безбедноста на Роналдо додека е во Русија на Светското првенство. Двајцата се дел од една агенција за обезбедување во Португалија. 

Марекош во слободно време е и тореадор, додека Салгадо кога нема обврски околу Роналдо, се подготвува за професионални борби. Во ММА серијата, тој досега има седум победи.

Овие двајца телохранители беа ангажирани да го пазат Роналдо и за време на финалето на Лигата на шампионите во Киев.

Најново во Другата страна на спортот