ВЕЛИ ДЕКА ТОА Е НЕГОВИОТ ЗАШТИТЕН ЗНАК

„ПОЛА ЧОВЕК, ПОЛА-БЕБЕ“: Со луд имиџ се проби во Европа (ВИДЕО)

Џанмарко Тамбери е италијански атлетичар кој се натпреварува во скок во височина...

објавено: 13 август 2018 - 10:00

Тамбери успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во Берлин, но вниманието на публиката, како и порано, го привлече со несекојдневниот изглед.
Поточно со брадата, откако на залетиштето се појави со половина избричено лице, додека на другата страна беше видлива брада.

„Бричењето 'на половина' е мојот заштитен знак. Сакам да бидам на теренот и да ја забавувам публиката"- коментира италијанскиот атлетичар.

Ова не е прв пат како Џанмарко се појавува „ваков" пред публика. Тоа го направи и на еден од митинзите од Дијаманстката лига во Лондон во 2015 година.

Најново во Другата страна на спортот