НЕВЕРОЈАТЕН ГЕСТ НА СЛАВНИОТ ТРЕНЕР

„Поп" почести со пет „илјадарки“

Минатиот петок во Мемфис, во ресторантот „Мекивенс" Попович направил сметка од 815 долари. Но затоа пак на име на „бакшиш" на келнерите им оставил шестпати поголем износ.

објавено: 27 април 2017 - 08:00

Голема работа е да си најдобриот и најплатен тренер во НБА, но што тоа ви вреди, секако, ако не умеете да уживате во животот, и да ја поделите среќата и благосостојбата со другите?

Секако, под услов една фотографија поставена на „Истаграм" да се земе како автентична, може да се каже дека со своите човечки квалитети тренерот на Сан Атонио Спарс, Грег Попович ги заслужува сите оние 11. милиони долари годишно, колку што е платен за од сезона во сезона ги одружува „мамузите" на врвот од НБА лигата.


Минатиот петок во Мемфис, каде екипата од Тексас го играше мечот од плеј-офот против домашните Гризлис, во ресторантот „Мекивенс" популарниот „Поп", веројатно со некое друштво, направил сметка од 815 долари.
Но затоа пак на име на „бакшиш" на келнерите им оставил шестпати поголем износ. Односно како „типс" што би рекле Американците, допишал уште пет илјади долари.
Секоја чест Попович Грег!

Најново во Другата страна на спортот