ЛИБЕРАЛНИ РЕФОРМИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА

ПОПУШТААТ СТЕГИТЕ: Жените во Арабија ќе можат да влезат на стадион

Ултраконзервативната азиска монархија, Саудска Арабија одлучи, од 2018 година да им дозволи влезе на жените на сите спортски манифестации.

објавено: 30 октомври 2017 - 13:40

Како што соопштува саудиската општа управа за спортт, за прв пат во постоењето на Саудиска Арабија, на жените ќе им биде дозволено да влезат на три одбрани спортски стадиони.

Тие ќе имаат слободен влез на спортските објекти во Џеда, Ријад и Дамам, кои интересно, во овие моменти се реновираат, се со цел да се исполнат строгите барања која ги наметнува власта во оваа земја.
Припадничките на понежниот пол во оваа традиционална и конзервативна држава ни од блиску немаат слобода која е вообичаена за земјите од Европа. Но во последно време се прават некои ситни чекори и друштвени реформи во тој поглед.

Во септември е официјализирано дека од наредниот јуни, жените ќе може да возат автомобили, со што ќе биде укината единствената забрана од тој вид во светот.
Реформите во Саудиска Арабија ги предводи принцот Мохамед Бин Салман, кој во својата програма за развој до 2030 година планира да го промени затворениот начин на живот кој е обликуван со екстремно строга верзија на сунитскиот ислам, кој ја лимитира улогата на жената во заедницата.

Најново во Другата страна на спортот