ПРАВИЛА СИ СЕ ПРАВИЛА... БЕЗ ИСКЛУЧОК

ПОРАДИ КОМБИНЕЗОНОТ НА МАРИЈА - Иранците видоа само „половина" од ждрепката во Кремљ

Милиони љубители на фудбалот во Иран не можеа да ја видат комплетната ждрепка во Москва. Пренесена е само делумно на националната телевизија ИРИБ, и тоа поради прекраткиот фустан на водителката...

објавено: 2 декември 2017 - 18:28

Кај нас е изненадување, во Иран никако... Националната телевизија на Иран, ИРИБ, го цензурирала комплетниот прв дел од церемонијата на формирање на натпреварувачките групи на СП која се одржа во Москва.
Пред неколку дена, во иранските медиуми се појави вест дека одлуката дали Иранците ќе може да ја следат комплетната церемонија ќе зависи токму на свечената комбинација на руската водителка Марија Командја.

А во позадината на оваа дискусија јасно е, стојат строгите исламски правила кои се однесуваат на директни ТВ преноси на националната телевизија. На ИРИБ се вработени т.н. „чувари на моралот"' кои го прекинуваат преносот кој оди „во живо" што се појават, според нивните мерила, недоволно облечени жени.
За програмата да може да биде прекината на време, сите преноси се емитуваат со заостанување од 30. секунди.
А за да се спречат евентуални протести, ИРИБ го викна на гости некогашниот португалски репрезентативец Луис Фиго, чие интервју го „покри" првиот дел од церемонијата во Кремљ.
Иран игра во групата „Б" спо Португалија, Шпанија и Мароко.

Најново во Другата страна на спортот