англискиот младински репрезентативец е пред голема дилема

Поради навредите кон неговата девојка, сака да ја прекине кариерата

Голманот Џонатан Бонд не може да ги поднесе навредите кои ги трпи неговата девојка, која има бујни гради

објавено: 2 февруари 2018 - 20:10

Голманот на Питербро и на младата репрезентација на Англија, Џонатан Бонд откри дека размислува да ја прекине играчката кариера и тоа поради една необична причина. Тој вели дека веќе не може да ги трпи навредите кои навивачите ги упатуваат кон неговата девојка Лиа Паркер. 

Девојката на Бонд не е било кој, бидејќи Паркер е прогласена за девојка со најголеми гради во цела Англија, а тоа не останува незапазено и кај навивачите.

„Признавам дека навредите кои ги читам на друштвените мрежи, но и додека сум на терен. Ме тера да размислам и да се повлечам од фудбалот. Сепак верувам дека сум доволно силен за да ги издржам сите тие навреди и дека нема да дојде до тоа. Веројатно и Лиа тоа нема да ми го дозволи“, вели Бонд. 

 И самата девојка изјави дека воопшто не и е убаво да ги чита и слуша сите навреди кои се упатени на нејзина адреса. 

„Тоа веќе не е шега. Во тие коментари владее многу омраза. Често добивам грди и невкусни пораки. На друштвените мрежи не ме нервира толку, како што тоа е кога се случува на стадион. Навистина е вознемирувачки кога ти викаат глупачо или кр*во“, вели Лиа.

Најново во Другата страна на спортот