МИЛО ЗА ДРАГО...

ПОРАКА ОД ПАОК: Сите ние сме Иван Савидис (ФОТО)

Фудбалерите на солунски ПАОК после освојувањето на Купот на Грција го поддржаа претседателот на клубот носејќи маски со неговиот лик.

објавено: 13 мај 2018 - 11:00

Во одлучувачкиот меч „црно-белите" го победија атински АЕК со (2:0) а после натпреварот не ја пропуштија можноста да го поддржат суспендираниот сопственик на ПАОК, рускиот бизнисмен со грчко потекло.

На 11.март, во финишот на шампионатот на Грција, токму на мечот против АЕК, Савидис влезе на теренот со оружје, затоа што беше незадоволен од одлуката на главниот судија поради офсајд да не го признае голот на Маурисио.
Поради овој тежок инцидент грчкиот шампионат беше едно време прекинат, а кон крајот на март, Савидис доби тригодишна забрана за доаѓање на фудбалските натпревари.

 

Најново во Другата страна на спортот