И ВО САД ИМА ГОЛЕМИ НАВИВАЧИ НА АНГЛИСКИОТ КЛУБ

Порно-кралицата дава сѐ за билет за Манчестер Јунајтед (ФОТО)

Една од најпознатите порно актерки на сите времиња Џена Џејмсон призна дека е огромен навивач на Манчестер Јунајтед и по секоја цена бара билет за саботниот меч против Барселона.

објавено: 23 јули 2015 - 19:32

Дуелот се игра во Санта Клара во рамките на Интернационалниот куп на шампионите, а Џејмсон своето барање го истакна на својот профил на Твитер. На прашањето на еден нејзин фан дали е навивач на Јунајтед, порно актерката одговори позитивно. Дури, во натамошниот дел од разгворот со своите следбеници, Џејмсон признава дека бара "нешто повеќе од билет".

До натпреварот меѓу Јунајтед и Барселона остануваат уште два дена, а се уште не се знае дали Џејмсон нашла билет. Освен на Манчестер Јунајтед, Џејмсон е голем фан уште на Мик Хакнал од Симпли Ред и спринтерот Јусеин Болт.

Најново во Другата страна на спортот