Изгледа дека времињата сепак се менуваат...

Пред осум години беше млекар, играше пред десет гледачи, а во петок ќе ја брани Англија

Ник Поуп има интересна животна приказна...

објавено: 22 март 2018 - 08:00

Јан Рајт беше можеби најпознатиот, Џејми Варди е доста „свеж", но најновиот пример е секако – Ник Поуп.

Веројатно не и последниот во низата...
Како што пренесува англискиот „Гардијан", голманот на Барнли пред само осум години играл во седмата лига, и попатно работел како млекар, секако со намера да се издржува финансиски.
А веќе во петок би можел да се најде помеѓу стативите, односно да биде прв голман на „Гордиот албион".
Како кадет Ник Поуп играл во Ипсвич, го оцениле како недоволно перспективен, па морал да се пресели во резервниот тим на Бури Таун, во Есекс или Сафолк бордер лигата.
Тоа време го „потрошил" и да запише факултет, и така сето тоа траело три години, до моментот кога не го забележал Чарлтон.
Но и тука морал да биде трпелив, морал да оди на позајмици, најдалеку до петтиот по ранг дел од англискиот фудбал, односно некогашната конференција.
И така се до пред четири години, и ако ништо друго, тогаш Чарлтон ги превземал обврските да му помогне околу студиите, оние спортските, се разбира.
И барем тогаш се чини дека Поуп имал повеќе шанси да успее во науката отколку во спортот, поточно фудбалот.
Но во петок навечер можеби ќе застане на голот на Англија, да го брани „Гордиот Албион" во дуелот со селекцијата на Холандија...

„Се разбира, кога ќе добиеш отказ со 16.години, не можеш да се надеваш премногу. Две години студирав маркетинг во бизнисот, па една поминав на спортски студии, попатно имав неколку работи: бев млекар, во оние електрични камиончиња. Станував во четири часот наутро, одев по селата. Но тоа ми дозволи за три години да одиграм 150. натпревари на аматерско ниво. Нешто што не би можел да го направам да играв во академиите на некој од големите клубови. Влегов во машкиот свет, тоа ми помогна да созреам како играч"- се присетува Поуп на почетоците.

Немаше менаџери околу себе да му помогнат, а новинарите не пишуваа нешто, на пример дека е ново чудо...

„Во сениорскиот фудбал, најнискито рантг в кој играв беше Риман премиер лигата со Бури Потоа и со Хароуборо. Претходно играв и за нивниот резервен тим. Играв на места кои не ги имав видено на мапа. А во публиката по десет луѓе, и куче... Мислам и дека нешто освоивме, дека дури и имам некој медал"- се смее Поуп, кому посебно тешко му било во 2013 година.

Додека играл за Алдершот. На пет натпревари прими девет гола, а во исто време, сегашниот соиграч од националниот тим, Алфи Мосон играл во истата лига, но за Велинг.

„Беше тешко, но според мене, тое е нешто кое мораш да го поминеш Да се докажеш на секое ниво, пред да преминеш на следното. И сега, кога се повреди Том Хитон против Кристал палас во септември. Добив шанса. 'процветав', и еве ме, во националниот тим. Во некои други времиња, не го очекував тоа".

Но времињата изгледа дека се менуваат...

„Сега сум тука, и моите амбиции не завршуваат само со влегувањето во тимот. Мораш да бидеш гладен, сакам да се докажам. Низ целата своја кариера си поставуваш поинакви цели. Кога потпишав за Чарлтон, кој беше во третата лига, целта беше да одиграм барем еден меч во четвртата. Сега сакам да го достигнам својот максимум. Уживам во Барнли, но повикот во репрезентацијата – нема понатаму. Цело ова патување не ми дозволува да се исплашам од било што. До решрезентацијата на Англија не можеш да дојдеш случајно" - оптимистички делува можеби идниот број 1 на „Гордиот Албион", којзнае...

 

Најново во Другата страна на спортот