ИНТЕРЕСНА РАБОТА И ОД АНГЛИЧАНИТЕ

Претставување за Оскар (ВИДЕО)

На посебен начин раководството на Саутемптон го презентираше своето ново играчко засилување.

објавено: 14 јули 2017 - 10:20

Многу клубови за време на овој преоден рок се одлучија з анеколку алтернативни напини за привлекување на вниманието на навивачите, но и на медиумите, па полека но сигурно ги снемува оние класични снимки со шал или со дрес од новиот играч.

Нaместо тоа, сега дојдоа на ред спотови, направени со помош на современа технологија. Потоа и видео игри во кои во главна улога се токму трансферните цели, или „лајкување на твитер" во кои навивачите бараат од клубот да објават дека истиот играч потпишал договор со нивниот омилен клуб.
И навистина, ги имаше доста, а беа и доста слични...
На некои навивачи тој тренд им се допадна, на другите не.
Но во Премиерлигашот Саутемптон одлучија да се позанимаваaт со претставување на новите играчи, во овој случај, новиoт голман Стивен Тејлор, во спот за „Оскар", со коj овој феномен е „пресликан" во некоја друга „форма".
Како изгледа сето тоа?

Најново во Другата страна на спортот