Сите тие загинаа откако фудбалерот на Арсенал постигна гол за својот тим. Се почна во 2011 година кога тој погоди, а животите ги загубија Осама Бин Ладен и Моамер Ел Гадафи. Иако никој тоа не го сфаќаше сериозно, по нив на "списокот" на Ремзи влегоа основачот на Епл, Стив Џобс, потоа пејачката Витни Хјустон и актерот Пол Вокер. На 11 август минатата година Ремзи повторно погоди, а Робин Вилијамс следниот ден изврши самоубиство. Освен нив, по голови на Ремзи починаа или загинаа уште неколку познати личности: Андрес Монтес, Антонио де Нигрис, Чавела Варгас, Бебо Валдес, Хорхе Рафаел Видела, Кен Нортон и Робин Картер.
Последната "жртва" на Велшанецот е пејачот Дејвид Боуви кој почина во неделата, еден ден откако Ремзи погоди против Сандерленд во ФА Купот.
За среќа, Ремзи последните години не игра многу поради повреди, а и кога е на теренот, ретко постигнува голови. На шега, светските ѕвезди велат дека би требало да му платат предвреме да ја заврши кариерата за да не бидат загрозени нивните животи.