ГЕРМАНСКИОТ СПОНЗОР ВЕРУВА ВО ЈАМАЈЧАНЕЦОТ

„Пума“ ќе му понуди работа на Болт?

„Пума" може да го промовира Јусеин Болт во шеф на нивниот бизнис на Карибите кога тој ќе се пензионира од спортот, вели шефот на компанијата

објавено: 3 август 2017 - 21:40

Германскиот производител на спортска опрема е спонзор на Болт од неговата 15-та година и извршниот директор Бјорн Гулден вели дека тој е вреден за брендот и надвор од атлетиката.

„Јусеин Болт може да биде уште поважен за нас кога ќе престане да трча. Можам да го замислам како шеф на нашиот бизнис на Карибите“, изјави Гулден во интервју за весникот „Ханделсбладет“.

Нивниот поголем ривал „Најк“ има изградено бренд вреден милијарди долари околу пензионираната кошаркарска суперѕвезда Мајкл Џордан, додека „Адидас“ уште го користи фудбалерот Дејвид Бекам за промоција на продуктите.

Болт, кој ќе наполни 31 години овој месец, ќе се обиде да се „отпише“ од атлетиката со четврта светска титула на 100 метри и петта на 4х100 метри во Лондон.

Најново во Другата страна на спортот