НАВИВАЧИТЕ НА ВЕСТ ХЕМ ПРАВАТ И ДРУГИ ПРОБЛЕМИ

РЕАГИРА И ИТНАТА ПОМОШ: Не го вртете нашиот број толку често, нема потреба за тоа

Не е лесно деновиве да си фан на „чеканите"...

објавено: 21 ноември 2017 - 09:30

Вест Хем оди се подолу и подолу во Премиер лигата. А изгледа дека ниту промената на тренерот не успеа да донесе стабилизација во овој популарен клуб од Лондон.

Дејвид Мојс, кој го замени Славен Билиќ на клупата, нема по добро да го памети своето деби на клупата на „чеканите".
На гостувањето кај Вотфорд се поразени со сигурни (2:0), што за нив е трет пораз во последните четири натпревари.

Па не е чудно што навивачите се бесни на комплетниот клуб, од играчите до раководството, а своето незадоволство го искажаа на едне помалку и неконвенцијален начин.
Имено, британската полиција ги предупредила навивачите на Вест Хем да престанат да го користат бројот 999 (број за итни случаи), а за да го изразат својот револт кон тимот, пред се заради слабите игри и поразите.
И тоа го има во Англија...

Најново во Другата страна на спортот