Купот на Девет Вредности од проектот Фудбал за Пријателствo

Реал Мадрид го доби првиот трофеј од сезоната

Во согласност со традицијата за промовирање на деветте суштински вредности на еден од најголемите општествено одговорни проекти за деца - Фудбал за Пријателство – беше одлучено дека "Купот на Деветте Вредности" оваа година ќе му биде доделен на ФК "Реал Мадрид" за неговите исклучително општествено одговорни политики и проекти!

објавено: 16 април 2018 - 17:45

Во согласност со традицијата за промовирање на деветте суштински вредности на еден од најголемите општествено одговорни проекти за деца - Фудбал за Пријателство – беше одлучено дека "Купот на Деветте Вредности" оваа година ќе му биде доделен на ФК "Реал Мадрид" за неговите исклучително општествено одговорни политики и проекти!

По нивната официјална средба во Торино, Италија, изминатата недела, претставници на Компанијата "Газпром" А.Д. - Основач на проектот "Фудбал за Пријателство", Руската Фудбалска Федерација (домаќин на Светското Првенство ФИФА 2018) и меѓународните детски амбасадори на проектот од Холандија, Италија, Шпанија и Русија, донесоа едногласна одлука за доделување на "Купот на Девет Вредности" на фудбалскиот клуб "Реал Мадрид", како прв трофеј од нивната тековна сезона. На овој начин "Лос Галактикос" (Los Galacticos), станаа дел од неверојатната приказна која го следи единствениот меѓународен спортски трофеј кој е доделен од децата – следејќи ги чекорите на други фудбалски тимови – ѕвезди, како ФК "Барселона" (Шпанија, 2015 година), ФК "Баерн" (Германија, 2016 година) и ФК "Ал Вахда" (Сирија, 2016 година).
Основан во 2013 година, проектот "Фудбал за Пријателство" оваа година ќе обедини деца од 211 земји и региони низ целиот свет, промовирајќи девет суштински вредности – пријателство, здравје, чест, праведност, посветеност, еднаквост, мир, традиција и победа. Финалните настани од проектот ќе се одржат во Москва во период од 8. до 15. Јуни и ќе се совпаднат со Светското Првенство 2018 година, на чие отворање ќе имаат можност да присуствуваат децата учесници во проектот.

За проектот „Фудбал за Пријателство"
Од 2013 година, Компанијата "Газпром" ја организира Интернационалната Општествено-Одговорна програма за деца "Фудбал за Пријателство". Клучните вредности промовирани од учесниците во програмата вклучуваат пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Учесници во проектот се Млади Фудбалски Играчи (девојчиња и момчиња на возраст од 12 години од различна националност, и со различни физички способности) и Млади Новинари кои како дел од Интернационалниот Детски "Фудбал за Пријателство" прес центар известуваат за настаните во рамки на проектот. Географски, проектот од година во година опфаќа се поголем број на земји учесници: од 8 земји во 2013 година, до 211 земји во 2018 година. Во изминатите пет години, повеќе од 3.700 луѓе учествуваа во овој проект. "Фудбал за Пријателство" е подржан од ФИФА, УЕФА, Интернационалниот Олимписки Комитет, Фудбалските Федерации од различни држави, Интернационални Детски Добротворни Фондови, како и од светските водечки фудбалски клубови.
Триесет и двата Интернационални Тимови на Пријателство беа формирани во рамки на Отворената ждребка, а беа дефинирани и улогите за секој од Младите Фудбалски Играчи од секоја држава (голмани, дефанзивец, играч од средниот ред или напад). Откако беа дефинирани улогите на Младите Фудбалски Играчи, беа одбрани и Млади Тренери од 19 држави, на непредвидлив начин како резултат на отворената ждребка. Покрај Младите Тренери, секој од тимовите ќе има и Тренери. Овие 11 тренери ќе бидат избрани од градовите - домаќини на 2018 ФИФА Светски Куп Русија™ (2018 FIFA World Cup Russia™). Дополнително, 2 Млади Тренери ќе бидат селектирани од најдобрите учесници од претходните сезони во проектот "Фудбал за Пријателство".

Најново во Другата страна на спортот