СКАНДАЛ ВО ШПАНИЈА

Родителите не се тепаат само кај нас, туку и во Шпанија (ВИДЕО)

Пукна срам во Мајорка...

објавено: 20 март 2017 - 11:56

Изгледа дека родителите на децата кои играта фудбал не се тепаат меѓу себе само кај нас. Еден таков неверојатно срамен пример стигнува ни повеќе ни помалку туку од Шпанија. 

Случувањата се на Мајорка, каде дошло до една навистина скандалозна тепачка помеѓу родителите на натпреварот на кој претпоставуваме, играле нивните деца.

На средбата помеѓу децата од Алар и Колеренсе, во втората регионална лига од младите категории, пукна срам, веројатно досега и невиден на шпанско фудбалско тло. 

Причината за сето тоа беа „туркањата“ помеѓу децата за едне спорен момент. Родителите почнаа, односно втрчаа на теренот како би ги средиле работите меѓу себе, а потоа почнаа и тепачките, со повеќе учесници.

И тоа го дочека фудбалска Шпанија, да се зборува за вакви скандалозни моменти

Најново во Другата страна на спортот