ДИПЛОМАТИЈА ИЛИ „ПРОШЕТКА“

Родман пристигна во Северна Кореја

Поранешната НБА-ѕвезда, Денис Родман повторно е на гости во Северна Кореја, велејќи дека сака да „отвори врата" за претседателот Доналд Трамп

објавено: 13 јуни 2017 - 19:25

Родман, кој лично се познава со лидерот на комунистичката земја, Ким Џонг Ун, беше пречекан од севернокорејскиот заменик министер за спорт Со Кванг Хо и се очекува да остане во земјата до сабота.

„Тука сум да се видам со некои пријатели и добро да се забавувам“, изјави Родман, за кого ова е петто патување во Северна Кореја од 2013 година.

Тој беше критикуван за своите претходни посети, но и за оваа одлука посебно поради тензиите меѓу САД и Северна Кореја околу нуклеарниот арсенал на азиската земја.

„Сигурен сум дека Трамп е среќен што сум тука и се обидувам да направам нешто што на двајцата ни е потребно“, изјави Родман.

Заменикот министер за надворешни работи на САД, Томас Шенон изјави дека Родман патува како „приватно лице“.

„Свесни сме за неговата посета и му посакуваме убав престој, но и претходно предупредувавме Американците да не патуваат во Северна Кореја“, изјави Шенон.

 

Најново во Другата страна на спортот