НЕ МОЖЕ ДА ОДЛУЧИ КОЈА Е ПОУБАВА

Роналдињо се жени со две девојки во исто време

со оваа одлука на легендарниот бразилски фудбалер не се сложува неговата сестра, која е против полигамијата

објавено: 24 мај 2018 - 20:50

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдињо фасцинираше на теренот со своите дриблинзи, додавања и постигнатите голови. Сега како пензиониран играч, Бразилецот целосно се фокусираше да ги фасцинира убавите девојки кои секогаш биле негова слабост. 

Роналдињо реши дека е време да се жени и тоа не за една туку за две девојки во исто време. Присила Куењо и Беатриз Соуза се избраничките на Бразилецот. Со Присила веќе неколку години се во врска, а во 2016 година ја запозна Соуза и од тогаш сите тројца живеат заедно. 

Фудбалерот реши во исто време со два исти веренички прстени да ги побара двете жени, кои прифатија. Свадбата е закажана за во август, а двете девојки се сложиле да живеат во тројка. Тој постојано ги изненадува со подароци двете девојки и засега се е како во бајките за оваа тројка. 

Една од они екои не се сложува со оваа одлука на Роналдињо е неговата сестра, Деиси, која најави дека нема да присуствува на свадбата. 

Најново во Другата страна на спортот