„Форбс“ ја објави листата

Роналдо е најплатениот спортист, следуваат Меси, Леброн...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот за 2016 година, според информациите на американскиот магазин „Форбс“.

објавено: 3 февруари 2017 - 10:25

Американскиот магазин „Форбс" ја објави листата на најплатените спортисти во светот за 2016 година. На првото место е Кристијано Роналдо, кој минатата година заработил 88 милиони долари, од кои 56 од плата и награди и 32 од спонзорски договори.

На второто место се најде напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Аргентинецот остварил заработувачка од 81,4 милиони долари, додека пак третото место на оваа листа му припадна на Леброн Џејмс. Кошаркарот на Кливленд е побогат зао 77,2 милиони долари.

Зад него се најде Роџер Федерер, кој во 2016 година инкасирал 67,8 милиони долари, само седум од нив се награда од турнирите и сите останати се од спонзорство.

Петото место му припадна на Кевин Дурент, кој заработил 56,2 милиони долари, додека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со 55,8 милиони долари се најде на шестата позиција. Десетото место му припадна на Коби Брајант, кој во 2016 година заработил 50 милиони долари.

Погледнете ја целата листа ТУКА.

Најново во Другата страна на спортот