Кристијано Роналдо реши да го поднови својот возен ред и го купи најновиот модел на „Бугати“, вреден 2,6 милиони евра. Португалецот е познат како љубител на брзите автомобили, па затоа и не чекаше премногу долго, за да го доведе во својата гаража најновиот модел на „Бугати“.
Тоа е автомобил кој може да развие максимална брзина од 420 километри на час, а од 0 до 100 км на час му се потребни само две и пол секунди. на самиот автомобил има изгравирано ЦР7 да се знае дека тоа е специјален автомобил за Роналдо.