НА ДВЕТЕ СВЕТСКИ ЅВЕЗДИ ПАК ИМ СЕ СПОИЈА ПАТИШТАТА

Роналдо и Ирина Шајк повторно заедно...

Моделот Ирина Шајк и ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо повторно се заедно, но не во личниот живот, туку во делот на работата.

објавено: 18 јуни 2015 - 15:15

Пред неколку дена, Русинката објави на социјалните мрежи дека станала заштитно лице на еден бренд за производство на долна облека, истиот со кој долго време соработува и Роналдо. Веднаш, во светските таблоиди почнаа шпекулации како би изгледало кога двајцата би имале заедничка фото сесија.

Како што е познато, Роналдо и Шајк се разделија на почетокот од 2015 година. Причините за тоа, како што објави Русинката, се честите љубовни авантури на фудбалерот на Реал со други девојки.

Најново во Другата страна на спортот