ПРОБЛЕМ СО ОЛИМПИСКИТЕ МЕДАЛИ

Русите ги „молат“ атлетичарите да ги вратат медалите

Руската атлетска федерација побара од атлетичарите кои биле дисквалификувани од Олимпијадите во Пекинг и Лондон поради допинг да ги вратат медалите на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ)

објавено: 6 јули 2017 - 21:15

Руската атлетска федерација е суспендирана од 2015 година по извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) со докази за државно спонзорирано допингување.

„Придржувајќи се до интернационалните правила за фер-плеј, враќањето на олимписките одличја е еден од условите за рехабилитацијата на руската атлетика на интернационална сцена“, се вели во соопштението на федерацијата.

Ова е третпат Руската федерација да дава ваква препорака на атлетичарите, но досега само четири атлетичари ги вратија медалите. 

Најново во Другата страна на спортот