„ХОРОР“ ЗА НАВИВАЧИТЕ

РУСИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ: Ако ова не помине, ќе пропадне Мундијалот!

Навивачите од целиот свет на големи фудбалски настани пијат многу пива, а организаторот на Мундијалот е соочен со недостаток на пиво.

објавено: 26 јуни 2018 - 13:30

Но, веднаш дојде помошта и тоа од Австрија. Пиварата „Егер" во понеделникот ги испратила првите 20 шлепери полни со пиво во Русија.

„Испорачуваме 840.000 илјади лименки или 420.000 илјади литри пиво во Русија", се вели во соопштението.

Ова е само почеток констатира директорот за продажба и маркетинг на „Егер", додавајќи дека соработката ќе продолжи и во иднина, а се надева дека нивните производи ќе ги користат потрошувачи во останатиот дел од светот.

Најново во Другата страна на спортот