Русите нема да учествуваат во антидопинг програмата на СП

ФИФА соопшти дека ниту еден Русин нема да ги извршува допинг тестирањата на Светско првенство, по скандалот која оваа земја ја потресе од 2015 година.

објавено: 9 јуни 2018 - 22:45

ФИФА соопшти дека ниту еден Русин нема да ги извршува допинг тестирањата на Светско првенство, по скандалот која оваа земја ја потресе од 2015 година.

„Ниту еден Русин нема да биде дел од антидопинг контролата, а сите допинг примероци ќе бидат тестирани во акредитирани лабаратории на Светската антидопинг агнеција надвор од Русија“, соопшти ФИФА пред стартот на Мундијалот.

ФИФА не остава ништо на случајност, ги превзема сите мерки за да процедурата и испораката на примероците бидат безбедни.

„Сите играчи најмалку еднаш ќе мора да ги минат тестирањата“, велат од ФИФА.

Во 2015 година, ВАДА ја суспендираше руската антидопинг агенција, бидејќи не работеше во согласност со правилата. По повторените тестови беа суспендирани бројни руски спортси од различни меѓународни натпреварувања, особено пред Зимските олимписки игри во Сочи 2014 година.

Најново во Другата страна на спортот