КОГА САКАШ ДА СИ ГО БИРАШ ПРОТИВНИКОТ

Руска хокеарска фарса - 20 автоголови во неверојатен меч

Како да избегнете да играте со актуелните шампиони во плеј-офот? За рускиот бенди тим од Супер-лигата, Водник, решението е во 11 авто-голови. Нивните противници Бајкал-Енергија не останаа покуси - си постигнаа 9 автоголови!

објавено: 27 февруари 2017 - 16:00

Неделниот меч меѓу Бајкал-Енергија и Водник во Архангелск заврши со 11:9 победа на Бајкал, а сите голови беа автоголови. Руската федерација во бенди (хокеј на мраз кој се игра со топче, наместо со пак на голем терен), го поништи мечот и реши тој да се преигра на 3 март, а дополнително ќе бидат одредени казни.

Според претседателот на федерацијата, Борис Скриник, тимот на Водник почнал со фарсата за да добие подобар тим во плеј-офот, бидејќи со победа ќе играа со актуелните шампиони Јенисеј Краснојарск. Дватат тима веќе се извинија на своите фанови.

Најново во Другата страна на спортот