ГО ВЛЕЧЕ АВАНТУРАТА НИЗ ЈУЖНА АМЕРИКА

САКА АВАНТУРА: Вилас-Боаш даде отказ, ќе вози на релито Дакар

Португалскиот стручњак се повлече од тренерското место во Шангај, има други намери...

објавено: 29 ноември 2017 - 21:00

Андре Виас-Боаш сака малку да одмори од фудбалот, и да му се посвети на автомобилизмот...
Да, да добро прочитавте. Наместо да се занимава со Шангај СИПГ, во периодот околу празниците кои со себе ги носи Новата година и Божиќ, сака да вози на релито Дакар.
Па некогашниот менаџер на Тотенхем, потоа и на Зенит и Порто, донесе одлука. Паузата во кинескиот шампионат да ја искористи за подготовки и за возење на Дакар 2018.
Боаш ќе вози Тојота Хилукс, а совозач ќе му биде уште еден Португалец, Рубен Фарија, кој е поранешен мотоциклист.
Виас-Боаш откри дека неговата првична намера била да вози мотор...

„Разговарав со својот пријател, менаџерот на КТМ тимот, кој ми рече дека ми треба едногодишна подготовка за трката со мотори, и дека би било подобро ако се одлучам за возење автомобил. Ги контактирав луѓето од Тојота и еве ме, тука сум"- порача овој одличен фудбалски стручњак.

Не е необично, ниту пак изненадувачки што спортистите се одлучуваат за промена на „професијата" надвор од својот делокруг на функционирање.
Со оглед на тоа дека Португалецот е релативно млад,. И има 40. години, како и доста сериозна тренерска кариера, оваа одлука секако може да се окарактеризира како изненадувачка.
Оваа година Дакар релито почнува на 6. јануари, и тоа во Перу, а завршува две недели подоцна, на 20. Јануари во Аргентина.

Најново во Другата страна на спортот