КАКОВ ГЕСТ НА НАЈДОБРИОТ ФУДБАЛЕР НА ЛИВЕРПУЛ

САЛАХ Е ГОЛЕМ, му го даде дресот на момчето со најдобра порака на „Енфилд" (ВИДЕО)

„Мо Салах дали може да го добијам твојот дрес?Те молам"... Недолго потоа, египетскиот фудбалер дојде до него и му го подари својот дрес, кој е вистинска светост за навивачите на „Енфилд".

објавено: 5 февруари 2018 - 18:45

Мохамед Салах ја потврди својата играчка класа и на средбата со Тотенхем. Со двата гола ги донесе „редси" на чекор до триумф, но на крајот не се покажаа како доволни во однос на двата пенали и голови на Хари Кејн.
Но затоа пак покажа дека е голем човек.


По завршувањето на дербито на „Енфилд" го забележа натписот кој на еден картон го имаше поставено еден од најмладите фанови на тимот од Ливерпул...
„Мо Салах дали може да го добијам твојот дрес?Те молам".

Недолго потоа, египетскиот фудбалер дојде до него и му го подари својот дрес, кој е вистинска светост за навивачите на „Енфилд". 

Најново во Другата страна на спортот