КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ИМА СПЕЦИЈАЛЕН АСИСТЕНТ

Саманта е „тајната“ за брзината на ЦР7 (ФОТО)

Прочуениот фитнес-гуру од Велика Британија, Саманта Клејтон е задолжена за брзинските способности на најдоброт фудбалер на светот

објавено: 14 април 2017 - 18:30

Некогаш беше спринтерка, а денеска пак еден од најценетите фитнес-гуруа на светот.

Се вика Саманта Клејтон, и навистина, во вистинска смисла на зборот, има „работа од соништата“.

Пред се затоа што е толку ценета во својата работа беше ангажирана и од еден Кристијано Роналдо. 
Да, да сосема вистинито, ако се земе в предвид и тоа дека таа идеја, популарниот „ЦР7“ ја претвори во реалност.

И има голем бенефит од тоа...

Поранешната репрезентативка, но и олимпика на Велика Бриотанија (тогаш со моминско презиме Дејвис) во атлетика, успеа во обидите и онака неверојатната форма на познатиот Португалец, да ја донесе до перфекција. Па многу извесно е дека во овој момент Роналдо е еден од најдоминантните, но и најбрзи фудбалери на светот. 

Но исто така мора да се признае и еден друг факт. Дека и покрaј тоа што ја турка својата 38 година од животот, ниту Саманта не заостанува зад квалитетите кои ги има нејзиниот „партнер“, односно соработник.

Со својата градба потсетува дека може да се биде атрактиван и пред крајот на четвртата деценија од животот.  

„Хала Мадрид, Хала Кристијано“...

Најново во Другата страна на спортот