МАКЕДОНСКИОТ ЦЕНТАР ДОБИ ЌЕРКА

Предраг Самарџиски стана татко

Кошаркарот на Мега Бемакс и сопругата Тамара, ја добија ќерката Зара

објавено: 10 мај 2018 - 12:10

Предраг Самарџиски во неделата имаше голема причина за радост, откако неговиот тим ја изненади Црвена Звезда во српската Суперлига, а во понеделникот стана татко. Неговата сопруга Тамара, на свет донесе девојче, кое ќе се вика Зара. Зара има 53 сантиметри, а судејќи според висината на родителите, особено татко и, сигурно кога ќе порасне ќе биде со натпросечна висина. 

Популарниот Пеѓа кој има 32 години, шест години е со Тамара и врската и бракот ги крунисаа со дете. 

„Не знам како да почнам и како да се изразам, во мене има лава од емоции. Само знам дека сум најсреќниот човек на светот, бидејќи моето чудо од жена, ми го подари најубавиот можен подарок, ме направи татко на најслаткото девојче на светот. Принцезо моја, ти ги држиш клучевите од моето срце, и ветувам дека ќе направам се, да те заштитам и чувам. Тато и мама те обожуваат Зара“ - порача некогашниот центар на македонската репрезентација, кој можеби некогаш и повторно ќе заигра за националниот тим со кој најголемиот успех го постигна на Евробаскетот 2011.

 

Најново во Другата страна на спортот