ИМА СВОЈА МИСИЈА

САМИ КЕДИРА: Мојот идол е РОБ ГРОНКОВСКИ!

Германецот кој игра за Јувентус за „Билд" открива што го инспирира да биде уште подобар, но и за фондацијата преку која им помага на децата во неговата родна земја...

објавено: 31 декември 2017 - 11:00

Иако и засега му оди добро во кариерата, Сами Кедира не сака тука некаде и да застане. Напротив, германскиот репрезентативец и член на Јувентус како следна „мета" ја најави одбраната на светската титула со „панцерите" но и уште нешто.

"Заедно со мојата фондација им помагаме на децата спречени во развојот. Досега воглавно стануваше за делот од спротот, но понатаму сакам да се фокусирам на образованието"- вели играчот за врска кај торинските „црно-бели".

Кедира сака кај децата да ја разбуди мотивациата и желбата за учење, за школување.
Поради тоа плати воннаставни часови за 100 деца. А за оние кои ќе бидат уште подобри, тие ќе може да се надеваат на влезница за некој натпревар од Бундеслигата.
Но за и самиот да понаучи нешто Кедира одлучи советите да ги побара кај претседателот на Баерн, Ули Хенес.

„За мене, Хенес е еден од оние кои достигнале неверојатно позитивни работи, Од него човек може да научи навистина многу, и поради тоа се најдов со него на кафе"- истакнува овој 30 годишен фудбалер.

А за да биде во што подобра можна форма, Германецот работи на јакнење на контролата на телото, но и на свеста.

"Роб Гронковски од Њу Ингланд Петриотс за мене постана идол, инспирација. Сакам да постигнам, да бидам како што е тој. Да ја искомбинирам снагата, флексибилноста и контролата"- заклучува Кедира.

 

Најново во Другата страна на спортот