ПРОСЛАВЕНИОТ ИГРАЧ БЕШЕ ДЕЛ ОД ЛЕГЕНДАРНИОТ „НЕБЕСКА УДИЦА“

Саша Ѓорѓевиќ не можеше да остане рамнодушен по смртта на Глоговац

„Сале Национале“ со дел од соиграчите во тогашната кошаркарска репрезентација на Југославија имаа кратка улога во филмот каде во главна улога беше Небојша 

објавено: 10 февруари 2018 - 18:10

Некогашната кошаркарска ѕвезда, Александар Ѓорѓевиќ не можеше да остане рамнодушен по веста дека починал глумецот Небојша Глоговац. Популарниот „Сале Национале“ заедно со дел од соиграчите во тогашната кошаркарска репрезентација на Југославија имаа кратка улога во филмот „Небеска удица“ каде во главна улога беше токму Глоговац. 

„Страшно. Пред неколку недели дознав дека има здравствени проблеми. Многу тажно. Соработувавме и убаво се дружевме во „Небеска удица“. Прекрасен човек и глумец. Срташно е тоа што се случи. Најдлабоко сочувство до најблиските на Небојша“, рече Ѓорѓевиќ за „Блиц“, во пораката која ја испрати од Минхен, каде работи како тренер во германскиот клуб.

Една од легендарните сцени во филмот е токму моментот кога Глоговац на својот син му објаснува како се станува шампион, а потоа се појавуваат, Ѓорѓевиќ, Бодирога, Ребрача и тренерот Жељко Обрадовиќ. 

Најново во Другата страна на спортот