Португалецот ја шири хотелската мрежа

Се гради и шестиот хотел на Роналдо

Во моментов постојат два хотела од бренцот CR7 во Португалија, а се градат уште три хотели во Мадрид, Њујорк и Маракеш.

објавено: 13 септември 2018 - 16:00

Новата ѕвезда на италијански Јувентус, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо ќе го отвори својот нов хотел од брендот CR7 во Франција. Според информациите кои се потврдени од брендот кој стои зад името на Роналдо, станува збор за шестиот хотел кој ќе се појави во Париз во 2021 година.

Во моментов, постојат два хотела од бренцот CR7 во Португалија од кој едниот е во главниот град Лисабон, а вториот во неговиот роден град Фуншал на островот Мадеира. За 2020 година се планира да се отворат уште три хотели - во Мадрид, Њујорк и Маракеш.

Цената на хотелот на Роналдо кој ќе се гради во Франција се проценува на 60 милиони евра. Проектот, како и другите хотели од мрежата на фудбалерот, ќе бидат инвестирани од играчот и компанијата „Pestana" со еднакви удели.

Најново во Другата страна на спортот