ТОА ГО ИМА САМО НА ОЛИМПИЈАДИТЕ

Се „споија" Северна и Јужна Кореја

Хокеарките на Северна Кореја допатуваа во Јужна Кореја пред почетокот на подготовките за Олимпискиот турнир на кој ќе настапат како еден тим.

објавено: 25 јануари 2018 - 21:30

Хокеарките на Северна Кореја допатуваа во Јужна Кореја пред почетокот на подготовките за Олимпискиот турнир на кој ќе настапат како еден тим.

Делегацијата на Северна Кореја, но и хокеарките од оваа земја тргнаа на пат, но откако претходно добија дозвола од лидерот на државата, со заеднички сили да учествуваат на ЗОИ во Пјонгчанг.

Овој комбиниран хокеарски тим, во кој ќе бидат 12 хокеарки од Северна Кореја, ќе настапи со посебни дресови, а комплетнтие делегации на овие две земји и сите спортисти ќе излезат на отворањето на Игрите на 9. февруари под едно заедничко знаме.
Идејата за обединување на спортистите е токму тоа, да го промовира оној здрав контакт, патувања и соработка помеѓу Северна и Јужна Кореја, иако има доста луѓе, и на двете страни, кои се спротивставуваат на оваа идеја.
Двете држави технички и понатаму се спротивставени, а ова своевидно примирје понајмногу потсетува на оној изворен смисол и духот на олимпизмот како во времињата на Стара Грција, кога биле запирани сите воени и конфликти за Игрите да бидат одржани.

Најново во Другата страна на спортот