СЕДУМ ТИНЕЈЏЕРИ ОД 13 ДО 15 ГОДИНИ

Седум деца што јаделе во ФФМ со симптоми на труење од храна

Како што соопштува Државниот санитарен и здравствен инспекторат, седум тинејџери на возраст од 13-15 години добиле симптоми на труење од храна која што се консумирала во трпезаријата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

објавено: 10 август 2018 - 22:46

Веднаш бил информиран Центарот за јавно здравје - Скопје. Храната била од кетеринг - службата на ДПТУ Форцашперд ДООЕЛ Скопје, Подружница Галакујна на бул. „Србија" во Аеродром.

Се затвориле објектите на подружницата, забраната ќе трае се додека не се обезбедат соодветни епидемски мерки, како генерално механичко чистење на просторот и опремата, дезинфекција од овластена здравствена установа, вонреден санитарно-хигиенски прегледи на вработените и контролни брисеви од работни површини и опрема.

 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека децата побарале лекарска помош во приватна поликлиника во Скопје. Во текот на утринските часови се појавиле следните симптоми: гадење, тежина во стомак, пролив, главоболка, вртоглавица, но со полесна клиничка слика.

На тегоби се пожалиле 45 деца од вкупно 54, имало уште тројца тренер и еден доктор кои ја консумирале истата храна. Шест од нив не ја консумирале и немаат вакви тегоби. Сите кои што се заболени во епидемилошката анкета дале податок дека во претходниот ден консумирале ручек и вечера во трпезаријата на ФФМ.

Извршен е вонреден инспекциски надвор во Подружницата и е констатирано дека има санитарни книшки за седум вработени со уредно здравствено-хигиенски прегледи.

Најново во Другата страна на спортот