НЕМА ШЕГА СО ЗАКОНИТЕ ВО ХРВАТСКА

Седум месеци затвор бидејќи преку мегафон повикал на нереди

Затворски казни добија хулиганите кои учествуваа во нередите по завршување на мечот Хајдук - Динамо во 2013 година

објавено: 11 јануари 2018 - 16:00

Затворски казни добија хулиганите кои учествуваа во нередите по завршување на мечот Хајдук - Динамо во 2013 година. Јосип Ш. е заработи најголема казна и тоа од седум месеци затвор, поради поттикнување на нередите. Тој бил човекот кој преку мегафон ја водел акцијата за нередите кои ги направија навивачите на Хајдук. 

Останатите петмина навивачи добија по шест месеци затворска казна поради учествување во нередите. Двајца навивачи беа ослободени од обвиненијата. 

По завршување на мечот кој беше одигран пред речиси пет години, околу 700 навивачи на Хајдук незадоволни со цената на влезниците, но и поради неразјаснатата смрт на навивачот Марко Азаповиќ, започнаа со напад кон полицијата. Во навивачкото лудило беа повредени осуммина полицајци. 

Најново во Другата страна на спортот